„На 05.10.2025 во СВР Штип е извршен службен разговор со Ј.Ј.(19), Н.Ј.(21), М.И.(19) и М.К.(22), сите од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01:35 часот физички ги нападнале С.Р.(63) и Т.Р.(37), двајцата од Штип, пред нивниот дом на ул.„Охридска“ во Штип. Притоа, Т.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а С.Р. телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.“, стои во извештајот на СВР Штип.


