Општина Штип распиша Конкурс за доделување на признанието „8 Ноември“ за 2025 година, кое традиционално се доделува како знак на признание за исклучителни достигнувања и придонес во развојот и афирмацијата на градот.
Признанието е наменето за физички и правни лица од Штип и пошироко, кои во текот на изминатата година придонеле за напредок на општествениот живот во различни области – како што се стопанството, науката, културата, спортот, уметноста, хуманоста и други. Секој предлог треба да биде соодветно образложен и придружен со кратка биографија на кандидатот, како и со целосни податоци за предлагачот, стои во соопштението на Општина Штип
Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето. Предлозите се доставуваат до Комисијата за доделување на награди при Општина Штип, на ул. „Васил Главинов“ бб, или во архивата на Општина Штип.



