Непречен сообраќај, влажни коловози и променливо облачно време со засилен ветер

0
59

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а максималните од 9 до 14 степени.