На 29 октомври 2025 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, настан кој ќе ги обедини најголемите македонски и европски ракометни имиња.
Меѓу македонските легенди кои ќе настапат се: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски и многу други.
На настанот ќе учествуваат и интернационални ѕвезди како Арпад Штербик, Жоао Кањелас, Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ, Тимур Дибиров, Лука Циндриќ, Домагој Дувњак, Ивано Балиќ и други.
Селектори и судии на овој спектакл ќе бидат познатите имиња Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски, Ристо Магдинчев, Маријан и Драган Начевски, Славе Николов и Силвана Карбеска – Марија Илиева.
Настанот е дел од прославата на Спортско радио 90,3 ФМ, единствениот специјализиран спортски медиум во Македонија, кој две децении е гласот на спортот.


