Експлозија на водоводна цевка во Влае. Исплашени жители помислиле на земјотрес

0
18

Жителите на скопската населба Влае, каде се случи дефектот, велат дека вчеравечер слушнале силна експлозија од што се треселе куќите, а првично мислеле дека станува збор за земјотрес

Дефектот во мрежата што синоќа остави половина Скопје со серизно намален капацитет и притисок на водата настанал поради пукање на цевка ф-600 (широчина од 60 сантиметри), соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. До пукањето дошло поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец. Проблемите со водоснабдувањето беа забележани во Влае, Ѓроче Петров, Карпош, Тафталиџе, Центар и во други делови.

Од „Водовод и канализација“ велат дека како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.