Багер се запалил во Делчево и малолетник бил нападнат во Штип

0
48

„На 06.10.2025 околу 03:50 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на ул.„Орце Николов“ во Делчево настанал пожар во паркирана работна машина-багер, при што делумно била зафатена кабината. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

На 05.10.2025 во 23:10 часот во СВР Штип, Б.С.(19) од Штип пријавил дека околу 23:00 часот на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, неговиот 17-годишен брат бил физички нападнат од С.Г. од Штип. Се работи на расчистување на случајот.“, соопштија од СВР Штип.