Србија – Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Белград

0
61

На крајот на март, Трамп го номинираше Брновиќ, член на Републиканската партија и поранешен државен обвинител на Аризона, за амбасадор во Белград. Иако номинацијата наскоро стигна до Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Брновиќ не се појави пред тоа тело кое ги потврдува назначувањата.
Како што процесот се одолговлекуваше, стана јасно дека бирократите на длабоката држава не сакаат никој со политичка, етичка и религиозна позадина како мојата да ја извршува амбасадорската функција во Србија – наведе Брновиќ.

САД немаат амбасадор во Белград од јануари оваа година, кога Кристофер Хил ја напушти таа позиција, по враќањето на Трамп во Белата куќа.

Причините за повлекување на номинацијата на Брновиќ не се наведени.