Во недела, 5 октомври 2025 година, со почеток во 10 часот, ќе се одржи симболично издание на традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, во организација на Општина Кочани.
На нива кај Институтот за ориз, членови на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари и претставници на Здружението на пензионери – Кочани ќе го прикажат обичајот на зажнејување. Во рамките на настанот ќе биде доделена награда за најуспешен оризопроизводител.
Присутните ќе имаат можност да се запознаат и со проектот „КАРБОНИКА – Јаглеродна иницијатива за климатски отпорно земјоделство“, кој ќе го претстават професори од Земјоделскиот факултет при УГД.
Поради трагичните настани што ја погодија Кочани на 16 март, годинашната манифестација ќе се одржи во скромна форма, без покани за гости, делегации и уметнички настапи.


