Рекорден број пријавени тркачи за „ВИЗЕР СКОПСКИ МАРАТОН 2025“

0
89

Повеќе од 14 000 тркачи се пријавени за 21. издание на „Визер скопски маратон 2025“ што ќе се одржи в недела.
Ќе учествуваат тркачи од 58 држави, кои ќе се натпреваруваат во четири дисциплини маратон, полумаратон на 21 километар, штафетна трка и трка на пет километри.
Почетокот е во 8 часот на семафорите пред Црвениот Крст, а тркачите ќе стартуваат во насока кон Кисела Вода. Финишот за сите трки е на плоштадот „Македонија“, во близина на Порта „Македонија“.

Најголеми фаворити за победа на главната трка се маратонците од Кенија и најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски.
Од МВР информираат за посебен режин во сообраќајот за време на трката

Маратонската, полумаратонската и штафетната трка ќе започнат од улица „11 Октомври“ пред Собранието, во правец по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Трасата продолжува до крајот на булеварот и право по улица „Васил Чакаларов“, а од населбата Хром, продолжува полукружно по истите улици и булевари.
„По враќањето кај Собранието, тркачите ја продолжуваат трасата по улица ’11 Октомври’ кон Црвен крст, вртат кај Тутунски комбинат лево на булевар ‘Крушевска Република’ и десно на ‘Трета македонска бригада’. По неа ќе се трча до раскрсницата кај ‘Американ колеџ’ и ќе се врти лево по улица ‘Васко Карангелески’. Потоа ќе трчаат право сѐ до раскрсницата со булевар ‘Јане Сандански’. На раскрсницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до раскрсницата со булевар ‘Србија’, каде што се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред раскрсницата кај ‘Тобако 2’. Тркачите полукружно ќе се враќаат до раскрсницата кај ‘Сансет’, улица ‘Васко Карангелески’, десно до крај и повторно десно ќе излезат на ‘Трета македонска бригада’. Трчаат по истата патека до Собрание, со тоа што полумаратонците финишираат на Плоштад ‘Македонија’, а маратонците трчаат уште еден круг“, наведуваат од МВР.