Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со минимална температура од -1 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Утре преку денот времето же биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Дневната температура утре до 16 степени.

