Македонското небо се затвора. Штрајк на контролорите на летови

0
62

Македонскиот воздушен простор на 20 и 24 октомври ќе биде целосно затворен поради штрајк на контролорите на летање, соопштија од Синдикатот на контролори на летање (ССКЛМ).

Штрајкот е реактивиран бидејќи, според синдикатот, раководството на Македонска навигација (М-НАВ) не ги исполнило претходните ветувања и не презело конкретни чекори за подобрување на состојбата во претпријатието задолжено за безбедноста на авиосообраќајот.
Контролорите укажуваат дека кадровските решенија неопходни за непречено функционирање се намерно одложувани и блокирани. Како почетен датум за штрајкот е избран 20 октомври, веднаш по завршувањето на локалните избори, за да се избегнат какви било обвинувања за политичка позадина.
Синдикатот ги истакнува следните барања:

-прекин на партиски вработувања во М-НАВ,
-одобрување за нови огласи за вработување контролори на летање и инженери,
-распишување тендер за избор на независна меѓународна агенција која ќе изготви функционална анализа на потребите на претпријатието.