Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна Словенија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од четири километри, околу осум километри југозападно од Рогашка Слатина и 52 километри северозападно од Загреб.
„Според првичните податоци, земјотресот го почувствувале жителите на поширокото епицентрално подрачје “, соопшти Словенечката агенција за животна средина.
Превземено: Дневник.хр


