Центарот за култура “Ацо Шопов” – Штип повторно ќе биде домаќин на едно од најзначајните хорски случувања во регионот – осмиот Интернационален фестивал на камерни хорови „Астибо – Фест“.
Во текот на двете фестивалски вечери ќе настапат врвни хорови и вокални ансамбли од: Македонија, Србија, Бугарија, Турција, како и интернационалниот хор „SINGERS UNITED“ со членови од САД, Велика Британија, Канада, Јапонија, Русија, Белгија, Костарика и многу други земји.
03 – 04 октомври 2025 год. (петок и сабота)
Почеток: секоја вечер во 19:30 часот
Влез: слободен


