Уапсен косовски државјанин со легитимација од непостоечка меѓународна полициска организација

0
57

На Граничен премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода З.К.(54) од Косово.

При гранични проверки и контрола, тој изјавил дека не ја носи возачката дозвола и се легитимирал со полициска легитимација на меѓународна полициска организација за која по извршени проверки е констатирано дека не постои, односно дека легитимацијата е фалсификувана.

Лицето е задржано во полициска станица, со него е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.