Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец е во прекин од синоќа во 23:20 часот, поради обилни снежни врнежи и паднати дрвја на коловозот, соопштија од АМСМ.
Дополнително, од утринава во 5 часот, на патниот правец село Живалево – село Туралево се појавил одрон, па сообраќајот таму се одвива наизменично по една коловозна лента.
АМСМ апелира возачите да бидат претпазливи, да ја приспособат брзината на условите на патот и да се информираат навреме за проодноста пред да тргнат на пат.


