Позицијата дека Грција нема да се согласи Турција да биде дел од европската програма САФЕ за финансирање на одбранбени проекти, доколку продолжи со „casus belli“, односно закана за војна, му ја изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на генералниот секретар на НАТО Марк Руте на нивната средба во Копенхаген, јави дописничката на МИА од Атина.
– сè додека Турција продолжува директно да го оспорува суверенитетот на грчките острови преку теоријата за „сиви зони“, Грција нема да се согласи Турција да се приклучи на програмата САФЕ, рече Мицотакис на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на Европската политичка заедница, во Копенхаген.


