„Game Dev Rev 2025“ – ПРВАТА конференција за развој на игри во државата е закажана на 16-ти октомври. Настанот ќе биде одржан во Македонскиот Народен Театар, Скопје

0
31

Првата конференција за развивање на игри во Македонија – Game Dev Rev 2025, закажана за 16-ти октомври ќе се одржи во Македонскиот Народен Театар, Скопје. По повеќето успешни настани огранизирани од страна на „Macedonian Games Industry Association“, ова сепак e прв настан од ваков карактер кој што се одржува на нашата територија.

„Macedonian Games Industry Association“ е тим со богато искуство во областа на развој на игри уште од 2013 година. Усовршувајќи ги способностите и вештините и следејќи ги светските трендови, тие константно еволуираат и го оставаат својот траг во светот на игрите и гејмерството. Преку искуството стекнато веќе повеќе од една деценија, тие внесуваат богатство од експертиза во секој предизвик и проект со кој што се соочуваат.