Хрватска  – Жената што си ја уби тригодишната ќерка изведена на суд

0
38

Неделава во Загреб почна судењето на 34-годишната жена која е обвинета дека ја убила својата 3-годишна ќерка.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, жената го усмртила девојчето во јануари годинава, а телото го фрлила во реката Сава.

Девојчето било најдено неколку месеци подоцна, во околината на Белград, а набрзо потоа мајката била обвинета за тешко убиство.

Според неофицијални извори, девојчето имало сериозни здравствени проблеми, а мајката тврдела дека надлежните институции не ѝ излегле во пресрет.

Покрај мртвото девојче, жената имала и уште едно дете. Но, идентитетот на детето и нејзиниот сопруг не ѝ се познати на јавноста, со цел да се заштитат.

Уште кога жената беше уапсена, надлежните открија дека психолошката анализа ќе биде клучна. Но, поради деликатноста на случајот, ги немаат откриено резултатите.

Исто така, судењето нема да биде отворено за јавност, најмногу за заштита на семејството.