Министерството за образование и наука ги известува студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 01 до 5 октомври 2025.
Правото може да го користат:
-сите редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата,
-студентите на постдипломски и интегрирани студии, на државните и приватните универзитети во државата.
Студентите кои ги исполнуваат условите, а досега не аплицирале, може да поднесат електронска апликација преку порталот на МОН.
Студентите на кои им било прекинато правото, а сега ги исполнуваат условите, исто така може повторно да аплицираат.
За поддршка при аплицирањето, студентите можат да се обратат на: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk


