Попова Шапка утрово е под снежна покривка, што значи дека ладниот бран ја зафаќа нашата Македонија.
На планините локално се очекува снежна поркивка дури од над 50/60 сантиметри а повремен снег ќе има и во дел од повисоките градови во западните и во северните предели од нашата Македонија. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец
Од УХМР со метео предупредување:
Од денес до утре под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m².
Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, денес на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.
На повисоките планини ќе се формира снежна покривка. Температурата на воздухот значително ќе опадне.


