Во тек на следна недела се очекува да пристигнат 80.000 вакцини против сезонски грип, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов информираат денеска од Министерството за здравство.
Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител Абот од Холандија.Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица, стои во денешното соопштение од Министерството.


