Во последните неколку дена во САД е спроведена акција на имиграциските служби, во која уапсени се најмалку десет српски возачи на камиони. Акцијата, наречена „Мидвеј Блиц“, најмногу се одвива во државите од Средниот Запад, каде што живее голем број српски имигранти.
Иако на почетокот беше најавено дека ќе бидат апсени само лица со криминално досие, на теренот се покажа дека мета се сите нелегални имигранти. Апсењата најчесто се случувале на автопатските ваги за мерење на товарни возила, каде што агенти на ICE ги пречекувале возачите и веднаш ги спроведувале во притворски центри.
Покрај српските возачи, апсени се и имигранти од други заедници, а тензиите дополнително се зголемија по смртта на 38-годишен мексикански имигрант во Чикаго, кој бил застрелан при обид да избега од апсење. Ова предизвика голем страв и несигурност кај имигрантите кои работат во транспортната индустрија во Америка, пренесуваат српските дописници.


