Идните бугарски полицајци благословени со света вода на почетокот на академската година

0
69

Питомците на бугарската полициска академија вчера го започнаа новиот академски циклус, а традиционално беа благословени со света вода од свештеници на Бугарската православна црква.

Водосветот и благословувањето на знамето на академијата годинава го изврши патријаршискиот викар, Тивериополскиот епископ Тихон, во сослужение со свештеници од Софиската митрополија.

Иако Бугарија е секуларна држава, оваа традиција се одржува веќе неколку години, а патријархот Даниил испрати поздрав, изразувајќи благодарност за водосветот и желби за здравје и успех на студентите, професорите и целиот персонал.