Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходна судска наредба извршени се претреси на три локации на подрачјето на Ѓорче Петров при што лишен од слобода е Д.Б.(24) од Скопје затоа што при извршен претрес во неговиот дом се пронајдени и одземени кокаин, марихуана и пари.
По целосно документирање на случајот поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ на РСМ, соопштија од МВР.


