Деветто издание на “Текстилијада” во Штип

0
92

На 3 и 4 октомври во Штип ќе се одржи деветтото издание на „Текстилијада 2025“, во организација на здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“.

Настанот, кој веќе стана препознатлива регионална платформа за култура, активизам и граѓански дијалог, оваа година е посветен на темата борба против корупцијата и нејзиното влијание врз правата и достоинството на работниците.

Нашата намера е, преку култура, јавна дебата и креативен отпор, да ја разоткриеме корупцијата и да ги охрабриме граѓаните – особено младите и работничките – да го прекинат молчењето и да станат двигатели на промените, велат од Гласен Текстилец.

Програмата ќе вклучи културни и социјални активности, јавни дебати и дискусии со цел поттикнување на граѓанско учество и отворање простор за критичко размислување и промени, во присуство на голем број синдикални организации, трудиовиот инспекторат и други