Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,8 проценти. Во август годинава, пак, во споредба со август 2024 година, бројот е помал за 2,6 проценти, соопшти ДЗС.
„Најголем пад на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 проценти.“, стои во извештајот на ДЗС.


