Албанија – Расте бројот заболени од рак на дојка, лани евидентирани 815 случаи – од нив 10 мажи

0
35

За 2024 година, кај жени се дијагностицирани 805 нови случаи на рак на дојка, но регистрирани се и кај 10 мажи. изјави за Топ чанел, Дорина Тоци, директорка на Институтот за јавно здравје.Според неа, минатата година 224 жени ги загубиле животите, бидејќи болеста била дијагностицирана доцна. На почетокот на овој месец, премиерот Еди Рама апелираше до сите жени и девојки да одат на медицински прегледи за да се спречи оваа болест.Порака за подигање на свеста упати и шефот на државата, Бајрам Бегај, како и Диела, министерката за вештачка интелигенција, која беше облечена во розова боја.