Штипјанецот Дамјан Давков со злато од Балканска олимпијада по информатика

0
114

Македонските средношколци постигнаа нов голем успех на 32. Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2025), одржана во Удине, Италија.

Во силна конкуренција на 48 ученици од 12 балкански држави и уште 18 гости-учесници од други земји, златото му припадна на Дамјан Давков, бронзите на Владимир Грчев и Леонид Цуклев, а Виктор Максимоски доби олимписка пофалба.

Тимот составен од Дамјан Давков (Штип), Леонид Цуклев (Гевгелија), Виктор Максимоски (Гостивар) и Владимир Грчев (Кочани), предводен од д-р Емил Станков и Благојче Павлески (ФИНКИ), освои еден златен и два бронзени медали, како и една олимписка пофалба.

Со овој резултат, Македонија во 2025 година досега има освоено два златни, два сребрени, четири бронзени медали и четири олимписки пофалници – резултат достоен за респект.