Од 29 септември цената на повеќето цигари во Македонија е зголемена за околу 10 денари по кутија. Иако на дел од продажните места сè уште има залихи со стара цена, производителите најавуваат дека новата цена ќе се почувствува целосно во следните денови.
Поскапувањето ги опфаќа популарни брендови како „Данхил“, „Лаки Страјк“, „Пал Мал“ и „Ротман“. Зголемувањето не е резултат на нова акциза или државен данок, туку дел од ценовната политика на производителите, кои се повикуваат на растечките трошоци за производство и логистика, како и на трендовите во регионот.
Според пазарните анализи, ова е само прв чекор и пушачите треба да се подготват за уште едно покачување во наредниот период.


