Во септември, Царинската управа оствари наплата на приходи од 179,5 милиони евра, што претставува раст од 7,5% или 12,5 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани.
Најголем раст е забележан во наплатата на приходи од царина (+13,4%), следи ДДВ (+8,7%), ДМВ (+6,9%) и акциза (+3,7%).
„Создадовме систем кој во континуитет генерира високи приходи во Буџетот и овозможува повеќе средства за капитални проекти кои ќе генерираат одржлив економски раст. Во јули приходите беа зголемени за 10,5 милиони евра, во август за 14,5 милиони, а во септември за 12,5 милиони евра“, истакнува директорот Бобан Николовски.
Кумулативно од почетокот на годината, Царинската управа наплати 1,58 милијарди евра, што е за 78 милиони евра повеќе од истиот период лани.
Овој континуиран раст е доказ за ефективниот систем и посветеноста кон економски развој на државата, соопштија од Царинска управа на РСМ.


