Под влијание на средоземен циклон и продор на многу студен воздух од Русија, Македонија од 1 до 3 октомври ќе ја зафати силно заладување со обилни врнежи.
Се очекуваат над 30, локално и над 60 литри дожд на метар квадратен, а на планините врнежите ќе преминуваат во снег, со снежна покривка до 50–60 сантиметри. Во петок снежната граница ќе се спушти и под 1.000 метри, па снег ќе има и во дел од повисоките градови.
Температурите ќе паднат значително под просекот – во четврток од 3 до 10, а во петок од 0 до 9 степени, со мраз на планините.
Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено при патувања низ планинските превои.


