САД: Делумно затворање на Владата поради неусогласен буџет

0
45

Владата на САД денеска прекина со голем дел од своите активности, откако во Сенатот не беше обезбедено потребното мнозинство за финансирање на федералната администрација. За планот гласаа 55 сенатори, но беа потребни најмалку 60.

Блокадата може да остави илјадници службеници без работа. Министерството за транспорт предупреди дека над 11.000 вработени во авијацијата ќе бидат суспендирани, а авиокомпаниите очекуваат доцнења.

Претседателот Доналд Трамп најави кратење на програми поддржани од демократите и отпуштања, додека двете партии и натаму не покажуваат подготвеност за компромис.
Сегашниот застој потсетува на најдолгото затворање на владата во историјата на САД, кое за време на првиот мандат на Трамп траеше повеќе од пет недели.