Од еспресо до турско кафе -1 октомври Меѓународен ден на кафето

0
80

Секоја година на 1 октомври, светот го слави Интернационалниот ден на кафето – ден кога се оддава признание на сите кои учествуваат во патувањето на кафето, од земјоделците до баристите.

Интернационалниот ден на кафето не е само за промоции и попусти по кафулињата. Тој е и потсетник за вредноста на фер-трговијата, поддршката на малите производители и одржливото производство. Во свет каде секоја шолја има своја приказна, денот на кафето нè повикува да размислиме – не само што пиеме, туку и од каде доаѓа.

Најголем производител на кафе во светот е Бразил, кој учествува со повеќе од 35% од глобалната продукција. Следуваат Виетнам, Колумбија и Етиопија. Овие земји имаат идеални климатски услови за одгледување на арабика и робуста, двете најпознати сорти на кафе.

Според последните податоци, светот консумира над 2.25 милијарди шолји кафе дневно. Во просек, еден човек пие околу 1.3 шолји кафе дневно, но тие бројки варираат драстично од регион до регион.