Земјотрес од 6,9 степени во Филипини: Речиси 60 жртви и стотици повредени

0
72

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер ја погоди централната област на Филипините, при што загинаа речиси 60 лица, а стотици се повредени, јавуваат светските медиуми.

Потресот го зафати брегот на градот Себу и предизвика прекини на електричната енергија и оштетување на бројни згради. Властите прогласија состојба на катастрофа во погодените подрачја, а досега биле почувствувани повеќе од 600 афтершокови.

Жителите ја поминале ноќта на улиците поради страв од нови потреси, додека надбискупот на Себу апелираше верниците да се држат подалеку од старите цркви сè додека не се процени нивната безбедност.

Филипините се дел од „огнениот прстен“ и често се соочуваат со силни земјотреси и тајфуни.