Албанија – Пратеничка дојде со нејзиното бебе старо 38 дена на седница на Парламентот

0
25

Пратеничката од Социјалистичката партија во албанскиот парламент, Илва Ѓузи, присуствуваше на состанокот на Парламентарниот комитет за природни ресурси, инфраструктура и одржлив развој, држејќи го своето 38-дневно бебе во рацете цело време.

„Јас сум професионалец, пратеничка во парламентот, но пред сè сум мајка. Моето бебе има само 38 дена и како што се грижев за моите браќа и сестри, ќе се грижам и за него“, изјави Ѓузи за албанската телевизија Топ.

Таа изрази задоволство што албанскиот парламент „го разбира мајчинството како должност што не е одвоена од реалноста“ и дека, како што рече, се чувствувала добредојдена, пренесува Танјуг.