16-годишен со автомобил излетал од патот кај Кривогаштани. Тешко повреден 15-годишниот сопатник

0
38

Тешка сообраќајна несреќа се случи на регионалниот пат меѓу селата Кривогаштани и Крушеани, при што патничко возило излетало од коловозот, а во незгодата повредени се две малолетни лица.
Несреќата се случила на 28 септември 2025 година, а според информациите од ОВР Прилеп, возилото од марката „ДФСК“ со битолски регистарски таблици било управувано од малолетник на 16-годишна возраст од село Трновци, општина Могила.

Во моментот на несреќата, во возилото се наоѓал и 15-годишен сопатник од село Бела Црква, општина Кривогаштани, кој се здобил со тешки телесни повреди. Возачот, пак, минал со полесни телесни повреди.

Двајцата повредени веднаш биле пренесени и згрижени во Општата болница во Прилеп, каде што им е укажана соодветна медицинска помош.

Истрагата за причините и околностите на сообраќајната несреќа е во тек.

Превземено: Прв.мк