Србија: Уапсени 11 лица кои оставале свински глави пред џамии во Париз

0
44

Српското Mинистерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени 11 лица кои, по налог на странска разузнавачка служба, оставале свински глави пред џамии и извршиле повеќе вандалски напади врз еврејски објекти во Париз и околината.

Според истрагата, групата оставила свински глави пред девет џамии, фрлила зелена боја врз Музејот на Холокаустот, неколку синагоги и врз еврејски ресторан, а во Берлин поставила бетонски конструкции пред Бранденбуршката порта.

„Нивната цел беше ширење идеи што поттикнуваат омраза, дискриминација и насилство. Лицето кое ги обучувало е во бегство“, се наведува во соопштението на српското МВР.

Француската полиција претходно утврдила дека сторителите биле странски државјани кои веднаш по нападите ја напуштиле земјата. Дел од уапсените Срби веќе се обвинети за соработка со „странска сила“. Настаните се случувале од април до септември 2025 година.