На семејниот имот на поранешниот претседател на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, е пријавено дека е поставена бомба. Полицијата веќе интервенира на лице место и спроведува контрасаботажна инспекција.
Засега нема детали за настанот, а Додик не се наоѓа на имотот. Утрово тој отпатува во Сочи, каде што учествува на 22-риот годишен состанок на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдаи“.
Овогодишната тема на форумот е „Полицентричен свет: Упатство за употреба“, а во текот на четиридневната конференција, водечки експерти, политичари и академици од Русија и странство ќе дискутираат за глобални прашања. Учесниците ќе имаат средби со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и други функционери.


