Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²).
Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне.


