Грција – Анкета: Прикривање, корупција и неефикасност ѝ припишуваат Грците на Владата

0
37


Меѓу зборовите „ефикасност“ и „неефикасност“, 69 отсто од испитаниците, Владата ја карактеризираат со неефикасност, седум од десет Грци во Владата гледа „корупција“ наспроти само 14 проценти, кои одбрале „чесност“ за да ја опишат власта, а исто толку Владата ја карактеризирале со „транспарентност“, наспроти 74 отсто кои веруваат дека вистинскиот збор е „прикривање“.

За надворешната политика на Владата и дали ефикасно ги брани интересите на земјата, 62 проценти одговориле негативно, додека пак за миграциската политика, 71 отсто ја смета за неефикасна.
Повеќе од половина од анкетираните (57 отсто) одговориле дека на следните избори, ќе гласаат за да изразат протест, а 34 проценти гласот ќе го дадат за „стабилност“.