
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека светот живее во врема на фундаментални промени. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го проценува ризикот од војна за Германија, тој во Диселдорф рече: „Сакам да го кажам тоа со реченица што можеби е малку шокантна на прв поглед, но го мислам точно онака како што го кажувам: Ние не сме во војна, но веќе не сме ниту во мир“.
Денес, според германскиот канцелар, светскиот поредок базиран на правила се заменува со чиста политика на моќ, а тоа оди рака под рака со употребата на воени средства. „Ние сме во сосема поинаков свет“, оцени канцеларот Мерц на настан организиран од весникот „Рајнише пост“.
Прелетите на беспилотни летала што неодамна се случија во Данска и над германската покраина Шлезвиг-Холштајн се загрижувачки развој на настаните, рече Мерц. Досега, тие се чинат како невооружени дронови, но се опремени со технологија за надзор и имаат распон до осум метри, објасни канцеларот, додавајќи. „Сè уште не знаеме точно од каде всушност доаѓаат. Претпоставка е дека доаѓаат од Русија.“
Справувањето со оваа закана, според Мерц, е сè друго освен тривијално, со оглед на тоа што Германија е густо населена земја. Затоа, таков осумметарски дрон не може едноставно да се собори од небото.
Превземено: ДојчеВеле

