Утре се празнуваат Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

0
76

Православните верници утре ќе го чествуваaт споменот на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, кои се високо почитувани кај народот.

Софија, мајка на трите ќерки, ги воспитала во христијанска вера, надеж и љубов кон Бога и ближните. Кога императорот Адријан се обидел да ги принуди да се откажат од верата, девојчињата, Вера (12), Надеж (10) и Љубов (9), храбро одбиле, изјавувајќи дека се верни на Бога.