ПО Штип – ДИК: Промени во дефинициите на избирачките места 2247, 2247/1, 2248, 2248/1, 2251 и 2254

0
56

Согласно анализите за следење на број на избирачи во избирачко место и Изборниот законик се направени следните промени во дефинициите на избирачките места 2247,2247/1.2248,2248/1,2251 и 2254

Промените се во следново

1. Улиците Ванчо Икономов сите од 0001 до крај и Дуго село од 0001 до крај се додаваат на дефиницијата на ИМ2248 и 2248/1

2.Улицата Ѓорги Петров сите од 0001 до крај се додава на дефиницијата на ИМ 2251

3.Улиците Воденска сите од 0001 до крај и Ванчо Китанов од 0001 до крај се додаваат на дефиницијата на ИМ 2254

Сите овие улици се изземааат од дефиницијата на ИМ2247 и 2247/1 поради тоа што бројот на избирачи кои гласаат на ИМ не може да биде поголем од 1.000 избирачи – чл.165 ст.2 ид ИЗ..Кај сите овие промени во избирачките места објектот за гласање останува ист -ОУ Димитар Влахов .

4. Воедно ги известуваме избирачите на општина Штип дека објект на гласање на ИМ 2253 со објект на гласање АМД Штип ке биде ОУ ТОШО АРСОВ. Штип.

5.ИМ 2303 Суво Грло поради помалку од 10 избирачи се припојува кон ИМ 2302 с.Степанци со објект на гласање ПОУ ВАНЧО ПРЌЕ с.Лакавица,

6.Избирачите на ИМ 2326 с.Радње и 2327 с.Голем Габер наместо објект за гласање ПОУ Страшо Пинџур с.Радање ќе гласаат во објектот на Поранешен задружен дом с.Радање поради изведување на градежни активности на училиштето, соопштуваат од ПО Штип на ДИК.