Мезе за душа: Полнети кисели пиперки со сирење и павлака

0
78

Пиперките во павлака се едно од оние кисели салати кои многу семејства со задоволство ги принесуваат на масата кога јадат. Се подготвуваат лесно, за околу 20 минути, а ќе имате вкусна салата за со ручек или мезе за кога ќе ви дојдат гости.

Малку павлака, кравјо сирење, кисели пиперки и ќе направите зимница која оди одлично со различни јадења.

Во многу домаќинства на Балканот ова е омилената зимница, па ако не сте ја направиле никогаш претходно, пробајте го овој рецепт.

Потребни состојки:

20 кисели пиперки, средно големи (или сирови бабури, по желба)
500g кравјо сирење
500ml кисела павлака
Сол по вкус

Начин на подготовка:
Отстранете ги дршките и семките од закиселените пиперки и оставете ги да се исцедат неколку часа за да се ослободи вишокот течност (или само исчистете ги ако се свежи).

Во голем сад, измешајте го сирењето со павлаката и доколку сакате, додадете малку сол.

Добро мешајте за сите состојки да се соединат во мазна смеса.

Наполнете ги пиперки со подготвениот фил, но оставете малку настрана, за да го користите при редење.

Ставете тенок слој од смесата од сирење и павлака во тегла, па ставете еден ред пиперки одозгора, а потоа повторно ставете малку од смесата.

Повторете со втор слој, а завршете го тенок слој од филот.

Повторете ја постапката во уште неколку тегли додека не се потрошат сите пиперки и филот.

Ставете ги теглите во фрижидер и оставете ги барем преку ноќ пред да ги послужите за да се спојат вкусовите.

Сервирајте ги пиперките ладни (ако се суви додадете малку павлака врз нив) – одлични се како прилог со манџа или како мезе со ракија пред оброкот.