Ученик падна од седум метри за време на пракса во Охрид. Сопственикот на фирмата ќе одговара

0
83

Ученик паднал од седум метри висина од објект во изградба, додека бил на пракса во фирма во охридската населба Бејбунар.

Сопственикот на фирмата ќе одговара за непреземање мерки за заштита при работа и повреда на правата од работен однос.

„П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба „Бејбунар““ соопшти СВР Охрид.