Познатата пејачка Ѓуллу (51) почина откако падна од балконот на нејзината куќа.
Веста за смртта на уметницата ја објави нејзиниот аранжер Мустафа Арапоглу.
Синот на пејачката се огласи по обвинувањата дека Ѓуллу се обидела да си го одземе животот и нагласи дека тоа не е точно.
– Гласините за самоубиство што кружат на социјалните мрежи се неточни. Ја изгубивме Ѓуллу во несреќа што се случи во текот на ноќта. Ќе споделам информации за погребот преку Инстаграм. Почивај во мир – напиша синот на пејачката.
Превземено: Улица.мк


