Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Попладне, на повеќе места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 литри на метар квадратен), проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.
Минималните утрински температури изнесуваат од 8 до 18 степени, а максималните ќе достигнат меѓу 16 и 24 степени Целзиусови.


