До крајот на 2025 година граѓаните на Македонија ќе имаат уште три неработни денови, согласно Законот за празниците.
За сите граѓани неработни денови се:
11 октомври (сабота) – Ден на народното востание
23 октомври (четврток) – Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (понеделник) – Св. Климент Охридски
Покрај нив, има и дополнителни неработни денови за одредени заедници:
1 ноември и 25 декември за католиците,
22 ноември за албанската заедница,
2 октомври за еврејската заедница,
28 септември за бошњачката заедница,
21 декември за турската заедница.


