Криумчар на мигранти прегазил полицаец

0
59

На 26.09.2025 околу 16:30 часот на автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишија од слобода М.Б.(25) од Неготино.

Претходно, полициските службеници забележале дека од возилото „мазда“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица мигранти.
Потоа, откако му дале знак за запирање, тој се бидел да побегне и со возилото удрил еден полициски службеник, но набргу бил совладан и лишен од слобода.

Лицето е задржано во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на мигрантите и за целосно расчистување на случајот, соопштуваат од МВР