Бегалци, мигранти и други лица кои имаат прибежиште во Грција ќе бидат вклучени во економијата во напорите бизнисот да се справи со големиот недостаток на работна сила, цитира високи државни претставници весникот Катимерини.
Идејата ја предлага министерот за миграции Танос Плеврис и таа би требало да биде реализирана како поширок законски проект. Се проценува дека во наредните 5 години на Грција ќе и недостасуваат околу 200 000 работници.


